ЗА НАС

Сок од калинка Сиров мед Домашна маслинка

МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ

органска сертификација и контролирано географско потекло

уникатни македонски еколошки производи

Тера Мегдан ДОО Валандово се занимава со производство на уникатни македонски  еколошки производи (сок од калинка, сиров мед, органска маслинка ферментирана  на традиционален начин), кои се сопствено производство или од наши локални партнери со контролирано географско потекло. Поседуваме органска сертификација на производите.

Ние претендираме нашите производи да се сертифицирани како органски, но и како производи со строго контролирано географско потекло. Заради тоа имаме сопствено прозводство на суровина и свои кооперанти. Насадите се влезени во постапка за органска сертификација. Калинката е органски производ, кој не се третира ниту со пестициди, хербициди, инсектициди, ниту со други хемиски средства.

КУВЕТ ПРОИЗВОДИ

Сок од калинка Сиров мед Маслинки

без конзерванси, додадени шеќери, бои и адитиви

од југоисточниот агол на прекрасната македонска земја

Нашите производи се без конзерванси,  додадени шеќери, бои и адитиви, произведени по пат на чисти природни процеси на производство зачинети со многу љубов.

Сместени сме во југоисточниот агол на прекрасната македонска земја, во Валандово – органската бавча на Балканот, каде што симбиозата на медитеранот и континентот навистина се потрудиле да го дадат најдоброто од себе.

Во моментов
има два вида на производи на Кувет сокот од калинка, тоа е ХО-РЕ-КА линијата со
мало шише од 200 милилитри и фамилијарно пакување од 1литар . 

Тера Мегдан
произведува и „Кувет“ сиров мед (raw honey), кој е анализиран и сертифициран од
QSI Bremmen, Германија, најдобра светска лабораторија за пчелни производи. За
неколку месеци на пазарот ќе излезат
и со уште еден нов производ „Кувет“ маслинка, правена по домашна
рецептура. Нашата мисија е во скоро
време да се отвори и
бутик ORGANIC BIO SHOP за туристички
тури и посети, кој ќе биде сместен во
нивните
насади во околината на село Раброво.