100%

Првиот Органски

СОК ОД КАЛИНКА

најсилен антиоксиданс од сите овошја

ПРВИОТ 💯% ОРГАНСКИ СОК ОД КАЛИНКА ВО МАКЕДОНИЈА

Совршена креација на природата, овошје што Ве плени со својот изглед, арома и вкус. Во тркалезна форма и внатрешност исполнета со безброј ситни семки, во силно црвена боја исполнети со магичен сок – тоа е калинката!

Симбол на здравје, плодност и долговечност!

Едно од најстарите овошја познати на човекот е калинката. Во повеќе култури и религии, постојат записи за нејзината употреба во кои калинката била почитувана како симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот.

ЛАДНО ЦЕДЕН - ОД ВИСОКО КВАЛИТЕТНИ СОРТИ НА КАЛИНКА

15 ВАЛАНДОВСКИ КАЛИНКИ ЗА ЕДЕН ЛИТАР СОК

Ви го препорачуваме органскиот сок од калника, произведен од локалните производители во Валандово и брендот KUVET
✅Внимателно одбрани калинки од сопствените насади во Валандово
✅Без додаток на вода, шеќери и адитиви
✅Органски сертифицирано
🌍🍀Органското производство подразбира чување на планетата земја. На денот на планетата земја Кувет потсетува дека грижливо и одржливо ги произведува своите сокови и други производи:
✅Не користиме пестициди за третман на почвата ниту на овошните насади и плодови,
🚯Користиме исклучиво еколошко стаклено пакување,
💧Имаме систем за наводнување по принципот капка по капка од сопствени бунари со максимално рационално користење на водата како ресурс,
♻️Органскиот отпад од производството го користиме за ѓубрење на почвата,
♻️На нашите кооперанти им даваме амбалажа за собирање на калинки за повеќекратна употреба,
✅Едуцираме за природно и органско производство,
➡️Поддржете ги локалните производители кои се грижат за чиста планета, за здрава храна, за ♾️иднината на поколенијата!

БЕНЕФИТИ ОД КАЛИНКА

Кувет сокот од калинка е добиен со ладно цедење од зрната на внимателно одбрани сорти на валандовски калинки, во сооднос кој дава уникатен слатко-киселкаст вкус.

Семките од калинката ја добиваат својата живописна црвена нијанса од полифенолите. Овие хемикалии се моќни антиоксиданти. Сокот од калинка содржи поголемо ниво на антиоксиданти од повеќето други овошни сокови. Исто така, има три пати повеќе антиоксиданси од црвеното вино и зелениот чај. Антиоксидансите во сокот од калинка можат да помогнат во отстранување на слободните радикали, заштита на клетките од оштетување и намалување на воспалението.
Дали знаевте дека сокот од една калинка има повеќе од 40% од дневните потреби од витамин Ц. Витаминот Ц, е неопходен за раст, развој и заздравување на сите телесни ткива. Вклучен е во многу телесни функции, вклучително и формирање на колаген, апсорпција на железо, имунолошки систем, заздравување на раните како и одржување на коските и забите. Витаминот Ц може да се разложи кога ќе се пастеризира, затоа одлучете се за природен или домашен свеж сок од калинка за да добиете најмногу хранливи материи.
Помеѓу витаминот Ц и другите хранливи состојки кои го зголемуваат имунитетот, како витамин Е, сокот од калинка може да спречи болести и да се бори против инфекцијата. Исто така, се покажа дека калинките се антибактериски и антивирусни во лабораториските тестови.
Неодамна истражувачите откриле дека сокот од калинка може да помогне да се запре растот на клетките на ракот на простата. Досегашните студии докажуваат дека сокот од калинка може да го спречи или намали ризикот од рак. Додавањето на сокот од калинка во вашата диета сигурно го зајакнува вашето здравје.
Се верува дека антиоксидансите во сокот и нивната висока концентрација го спречуваат напредокот на Алцхајмеровата болест и ја штитат меморијата.
Флавонолите во сокот од калинка може да помогнат во блокирање на воспалението што придонесува за остеоартритис и оштетување на ‘рскавицата. Сокот во моментов се изучува за неговите потенцијални ефекти врз остеопорозата, ревматоидниот артритис и други видови на артритис и воспаление на зглобовите.
Сокот од калинка може да го намали воспалението во цревата и да го подобри варењето на храната. Може да биде корисно за луѓето со Кронова болест, улцеративен колитис и други воспалителни болести на цревата.
Пиењето 200 милилитри сок од калинка дневно може да го подобри учењето и помнењето, според неодамнешните истражувања.
Сокот од калинка може да биде новиот подобрувач на спортските перформанси. Сокот може да помогне да се намали болката и да се подобри обновувањето на силата. Исто така, го намалува оксидативното оштетување предизвикано од вежбање.